Едно лице го загуби животот а едно се здоби со тешки телесни повреди во тешката сообракајна незгода што денес околу 11 часот се случи на магистралниот пат Ќафасан-Подмољје во месноста „Добра вода“ атар на селото Франгово, соопшти СВР Охрид.

Тешката сообраќајна незгода се случила во моментот кога сега починатиот
Аурел О.  управувајки товарно моторно возило со албански регистарски
таблици кон Струга, поради неприлагодена брзина според условите на
патот, излетал од десната коловозна лента и се превртел во канал со
длабочина од околу 5 метри.
  
Аурел О. (36) од Корча Република Албанија, поради сериозноста на поврдите  починал на лице место додека лицето Р.О.(26) од Корча, се здобил со тешки телесни повреди. Истиот итно е префрлен во специјалната болница „Св.Еразмо„ во Охрид каде по неопходната медицинска интервенција е задржан на понатамошно лекување .

На местото на сообраќајната незгода, извршен е увид во присуство на истражен судија и заменик јавен oбвинител при Основниот суд во Струга и увидна екипа при Полициската станица од Струга. По наредба на истражен судија, врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.
     
За време на увидот возилата на овој патен правец биле пропуштани наизменично.

OhridNews