Аргентинската фудбалска федерација заврши со потрагата за нов селекторот на националната селекција, откако одлуката падна на Едгардо Бауза.
58-годишниот стратег кој има големо искуство водејќи екипи во Јужна Америка ќе има тешка задача да ја консолидира репрезентацијата по неуспешниот настап на Копа Америка.
Сепак, новиот селектор најголемата битка, барем на почетокот ќе ја има надвор од теренот, бидејќи ќе треба да разговора со Лионел Меси кој се повлече од репрезентацијата.
– Секако дека ќе разговарам со Меси тука нема дилеми. Ќе прави муабет за фудбал и за неговата одлука да се врати во селекцијата. Тој повеќе од потребен и е на селекцијата. – рече Бауза.
Бауза, деби на клупата од Аргентина ќе има во квалификациите за Мундијалот во Русија против Уругвај односно Венецуела.
OhridNews