Репрезентативецот на Турција, Џеди Осман кој е роден во Охрид откри зошто на мечот на ѕвездите во подем во рамките од Ол стар викендот настапи со специјализирани патики на кои имаше турско и македонско знаме.

Кошаркарот на Кливленд изјави дека Македонија и Турција имаат подеднаква заслуга за неговиот успех во кариерата.  – Роден сум во Македонија, а настапува за турската селекција и токму затоа одлучив на двете земји да им се заблагодарам. Македонија и Турција ме поддржуваат секогаш и секаде. 

Осман беше дел од тимот на светските ѕвезди кои изгубија од американските. Домашните кошаркари славеа со 161-144, а кошаркарот на ЛА Лејкерс, Кајл Кузма беше прогласен за МВП.

OhridNews