Босанскиот репрезентативец Един Џеко не успеа да се прослави на Олимпико и се наоѓа на излезни врати од Рома која бара начин да го продаде напаѓачот.
Џеко сезонава има постигнато шест голови во Серија и два во Лигата на Шампиони, што е премалку за голгетер од негов калибар.
Босанецот се повеќе е мета на критики од навивачите на Рома и италијанските медиуми, што, пак го прави неговиот трансфер уште пореален.
Лошата форма и намалената цена сака да ја искористат Вест Хем и Бешикташ кои сериозно сметаат на услугите од робусниот фудбалер.
Џеко во минатото успешно настапуваше во Волфзбург и Манчестер Сити, но падот на формата го чинеше заминување прво од Етихад, а и Олимпико најверојатно.
OhridNews











