За само три дена во Охрид се регистрирани 26 нови случаи на Ковид-19. По 14-те случаи завчера и 1 вчера, денеска се регистрирани нови 11 случи.

Вкупно во земјава во последните 24 часа се направени 1410 тестирања, а регистрирани се 121 нов случај на Ковид-19. Најмногу во Скопје 33, Крива Паланка 9, Куманово 8…

Починати се 3 лица, двајца пациенти од Прилеп (63 и 83г) и еден пациент од Струга (60г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 142 оздравени пациенти, 2 во Охрид.

Досега во земјата се направени вкупно 161.590 тестирања на ковид -19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15414, бројката на оздравени пациенти е 12896, на починати е 637, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1881.

OhridNews