Фудбалерите на Јувентус ја забележаа единасеттата победа по ред во Серија совладувајќи ја Рома (1-0) во дербито на колото.
Стрелец на победничкиот погодок за „бјанконерите“ беше Пабло Дибала во 77-та минута од натпреварот. Со триумфот над „волчицата“ бранителот на трофејот во Калчо лигата се одлепи на врвот заедно со лидерот на табелата Наполи.
Резултати: Фиорентина – Торино 2-0, Интер – Карпи 1-1, Лацио – Киево 4-1, Палермо – Удинезе 4-1, Сампдорија – Наполи 2-4, Сасуоло – Болоња 0-2, Верона – Џенова 1-1, Јувентус – Рома 1-0.
Табела : Наполи 47, Јувентус 45, Фиорентина 41, Интер 41, Рома 35, Милан 33..
OhridNews











