Својата долгогодишна, успешна соработка со Операција Флоријан од Манчестер, Англија, во делот на безбедност на вода и прва помош, Црвен крст Охрид ја крунисува деновиве со примање на вредна донација-опрема за спасување на вода и укажување прва помо. Донацијата, составена од два вонбродски мотори за спасителни чамци, 15 дефибрилатори, елеци и бови за спасување, ќе биде користена за потребите на Единицата за безбедност на вода и Тимовите за прва помош на Црвен крст Охрид, а нејзиното официјално доделување, ќе го изврШи заменик Амбасадорот на Велика Британија во Македонија, Г-дин Џерард Мекгирк на во недела на Градското пристаниште.

На свеченоста, на која ќе присуствуваат високи претставници на Операција Флоријан, претставници на Црвен крст на Македонија, на општина Охрид и други, предвидено е да се реализира и показна вежба на спасување давеник од водите на Охридското Езеро.

OhridNews