Околу една година се очекува да трае новата истрага за падот на претседателскиот „кингер“, на која ќе работи Меѓународна комисија со експерти од БиХ, Хрватска , Србија и Македонија.

Според Кулиќ, целта на комисијата е да ги утврди фактите како до дошло несреќата, а македонската јавност ќе биде известувана на секои два месеци за евентуалните наоди.
„Комисијата нема да ја утврди вината и одгворното лице, туку причини зошто дошло до пад. За тоа дали во несреќата постои одговорни лица и дали ќе бидат процесуирани, ќе одлучува обинителството.“ – истакнува Кулиќ.
Она што ќе се истражува во земјава, ќе биде Дирекцијата за цивилно воздухопловство, односно организацијата која тогаш управувала со потребите на авио-превоз на Владата. Во БиХ ќе бидат истражувани навигациските средства на аеродромот во Мостар, процедурите кои биле применети на тој аеродром и самото место на несреќата.
Инаку, владиниот „кингер” со кој патуваше претседателот Трајковски на Меѓународна конференција за инвестирање во Босна и Херцеговина на 26-ти февруари 2004 година, се урна во атарот на Матиќ Брдо кај селото Хусковиќи во близина на Мостар.
OhridNews












