Пред една година седумкратниот Формула 1 шампион, Михаел Шумахер имаше страотна несреќа во Франција скијајќи на планината близу Гренобл.
По повредата животот не беше загрозен на Германецот, но ситуацијата беше многу сериозна и докторите го држеа во вештачка кома.
За бројните фанови кои во најтешките моменти го бодреа семејството на Шумахер стигнуваат добри вести откако поранешниот пилот на Ферари почнал да ги распознава луѓето од својата фамилија.
– Рехабилитацијата тече бавно, но сигурно кај Шумахер. Ситуацијата е далеку подобро откако бев на посета кај него пред еден месец. Вистински потег беше што докторите го пуштија на рехабилитација во својата куќа со најблиските – рече Фили Штрајф пријател на германскиот пилот.
Ohridnews