Пред точно 1 година, на 24-ти декември INclusive disco започна да ја испишува својата приказна и новото поглавје на ноќниот живот во Охрид. Создадоa место со инклузивна понуда и диско со сите нишани. Ја разбиja монотијата и му дадоa нов импулс на ноќниот живот на Охрид.
Позади нас се стотина незаборавни журки со некои од најдобрите артисти од земјава и регионот на кои беа илјадници домашни и странски посетители. Разновидната програма во која секој може да се пронајде, добрите пијалоци и коректната услуга беа препознаени од многумина и сега INclusive диско e една од незаобиколните станици за сите гости во градот, велат од клубот.
INclusive диско стана препознатлив бренд на ноќниот живот, кој го потврди местото на Охрид на мапата на градови со најдобар ноќен живот.
Ви благодариме на сите кои верувавте во нашиот потенцијал и во изминатава година бевте со нас на нашите журки. Постоиме за Вас и нашата приказна немаше да биде успешна без Вас. Пред нас е Нова Година, и нов предизвик заедно да напредуваме. Продолжуваме понатаму уште поспектакуларно, со истата енергија во ритамот на ноќниот живот на Охрид! Ве очекуваме вечерва на добра журка заедно да наздравиме, велат од клубот.
OhridNews