Една компанија пројавила интерес за обележување на авионска писта на Охридското Езеро
15.12.12 13:57
Интерес за обележување на водна површина на Охридското Езеро каде ќе слетуваат хидроавиони пројавила една компанија. Таа ги доставила потребните документи до Министерството за транспорт и врски, кое неодамна го промовираше правилникот за обележување писта во водите на Охридското Езеро.
-Има една компанија која е заинтересирана. Екипа од повеќе институции работи на разгледување на таа понуда, а во наредниот период ќе оствариме и средба со таа компанија. Ние внимаваме да се запази законската процедура, но пред се да се запазат еколошките стандарди, за што е вклучено и Министерството за животна средина, а ќе се консултираме и со релевантни светски институции, затоа што Охридското Езеро е заштитено од УНЕСКО и мора да има високи еколошки стандарди. Доколку има и најмало негативно влијание на Охридското Езеро, ние нема да продолжиме со процедурата, но знаеме дека со воспоставување на добра правна рамка и вклучување на голем број експерти нема да се загрози Охридското Езеро.-изјави денеска министерсот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Тој посочи дека за иницијативата ќе бидат направени консултации и со концесионерот на аеродромите во Македонија, турската компанија ТАВ, бидејќи од договорот за концесионирање произлегувала таква обврска.
Јанакиески уште еднаш подвлече дека во Охридското Езеро нема да се гради никаков аеродром од цврсти материјали и дека тоа се злонамерни шпекулации за дневнополитичка употреба.
СВР Охрид ја известува јавноста дека деновиве, повторно зачестија случаи кога, засега непознати лица, преку телефонски јавувања на нивните фиксни или мобилни телефони, се обидуваат да ги измамат гр...
По повод 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид, делегација на општината предводена од градоначалникот Кирил Пецаков положи свежо цвеќе пред спомен обележјето на хероината Јасна Ристеска во...
ЈП „Охридски Комуналец” денес го одбележа својот патронен празник „7-ми Ноември” Пред присутните вработени, градоначланикот на општина Охрид Кирил Пецаков, пратеници во Собранието, дире...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.