Македонската женска кошаркарска репрезентација го претпре петтиот пораз во петиот меч на ЕП Б – дивизија за девојки до 20 во Охрид. Поуспешни од избраничките на Милкова беа репрезентативките на Австрија кои со 79-56 ја забележаа само втората победа на шампионатот.


„Со исклучок на поединци, можам да кажам дека воопшто не сум задоволна од залагањето и посветеноста на натпреварот“, кажа селекторот Лидија Милкова по мечот. „Едноставно Австрија имаше поголема желба за победа од нас, а требаше да биде обратно. Многу разговаравме, многу работевме, многу се договаравме со девојките во минатите денови, но повторно тоа на терен не се почитува“, рече селекторот Милкова.

Македонија шансата да стигне до првата победа ќе ја има в недела во последниот меч против Естонија.

Ohridnews