На ист простор (плоштад) на растојание од педесетина метри две различни работни „приказни“. Од организациониот одбор на „Богојавление“ работеа на поставување бини и припрема на просторот за „скокачите“, а од скопската фирма задолжена за новогодишно украсување на градот работеа на симнување светлечките кабли и украси. За украсување на градот им требаше околу една недела, а за „собирање“ на работите рекоа дека ќе завршат до крај на денот. Што се однесува до Водици, се очекуваат околу 10.000 посетители. Фрлањето на чесниот крст е утре во 10.00 ч. Додека бевме на лице место (околу пладне) беа поставени специјалната бина за сниматели, а беа поставени и тезгите од кои ќе се точи бесплатна топла ракија и вино.
Едни монтираат…
…други демонтираат
На насловна е Муарем од Скопје, задолжен за постепено отстранување на „ѕвезденото небо“ и останатите реквизити. Вели дека има повеќе 500 кабли од по десетина метри кои треба да се соберат.
Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) работи на проширување на коловозот на патниот правец Р2234, од селото Долно Татеши до селото Мислодежда, струшко во должина од 3500 метри и вредност о...
Во рамките на своите редовни промотивни активности и поддршка на роднокрајните автори во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид беше промовирана седмата стихозбирка на поетот Н...
Поради два одделни настанати дефекти, прекин во водоснабдувањето има во сЉубаништа и на улиците „Асном”, „Сирма Војвода” и „Карпош Војвода”, информираат од ЈП Водовод Охрид Посочу...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.