Утрово, во 02.53 часот, спречен е обид за насилно влегување во кругот на касарната „Гоце Делчев“ во Скопје. Притоа, војникот што бил на стража, постапил според пропишаните процедури и постапки-повеќепати вербално го предупредил лицето, но кога тоа се оглушило на предупредувањата, стражарот испукал два предупредувачки истрела во воздух.
„Лицето и понатаму се оглушувало на предупредувањата, при што со еден од истрелите бил погоден во петицата на десната нога. Во согласност со процедурите му била укажана прва помош и бил транспортиран во болница. Веднаш се известени надлежните истражни органи“, информираат од министерството за одбрана.
Воена полиција, МВР и јавен обвинител излегле на местото на настанот. Информациите и доказите за настанот се предадени на надлежни органи, кои работат на расчистување на случајот.