На патот Кичево-Охрид, кај село Подвис, вчера во 12.50 часот, 67-годишен скопјанец управувајќи патничко моторно возило “Пежо Партнер” со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал во нива.

На воачот му е укажана лекарска помош во Медицински центар Кичево, каде му се констатирани тешки телесни повреди и е препратен на лекување во Комплекс клинки “Мајка Тереза ” во Скопје.

Извршен е увид на местото на настанот.

OhridNews