Од министерството за внатрешни работи со детали околу синоќешната сообраќајна незгода што се случи околу 19.55 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево.

Во незгодата учествувале патничко моторно возило „Опел aстра“ со кичевски регистерски таблици управувано од А.К. (32) од Кичево и патничко моторно возило „Мерцедес“ со германски национални ознаки управувано од Х.Р. (45) од село Велешта-струшко, а со живеалиште во Германија.

Во незгодата возачот од Велешта се здобил со тешки телесни повреди по што со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата “Свети Еразмо“ во Охрид, каде што во 23,40 часот починал.

Со повреди се здобиле возачот на “опелот“ А.К., сопатникот од истото возило Х.С. (39) од Кичево, како и сопатниците од возилото “Мерцедес“ – Б.Р. (42) и две деца на возраст од осум и 14 години кои биле пренесени и задржани на лекување во болницата “Свети Еразмо“.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Охрид. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот.

OhridNews