На магистралниот пат Кичево-Охрид, кај селото Ново Село, општина Дебрца, вчера околу 8:20 часот се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „Мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 29-годишно лице од село Желино, тетовско, и патничко возило „Форд куга“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 52-годишен жител на село Биџево, струшко.

Во несреќата возачот на патничкиот автомобил се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, а поради сериозноста на повредите, е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, информира МВР.

За настанот е известен надлежен Јавен обвинител, а увид е извршен од судски вештак и увидна екипа од СВР Охрид.

Г.М.