Несреќата се случила вчера околу 06:30 на магистралниот пат Кичево-Охрид, над с.Попоец. Според првичните информации од полицијата, дошло до судар помеѓу патничко возило „Нисан Навара“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 26-годишно лице од с.Дрслајца, струшко и патничко возило „БМВ“ со албански национални ознаки, управувано од 50-годишен жител на с.Грешница, кичевско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „БМВ“ (25) од с.Грешница, кичевско, кој бил пренесен во Медицински центар Кичево, каде што починал. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. Извршен е увид од Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кичево, соопшти СВР Охрид.

Г.М.