Маж на возраст од 62 години од Тетово со детектиран вирус на грип од типот А (H1N1) починал вчера, на Клиниката за инфективни болести во Скопје.

Од Клиниката за инфективни болести информираа дека лицето имало хронични заболувања, претходно седум дена се лекувало дома, а 20 часа престојувало на Клиниката.

Од Министерството за здравство изјавија дека од понеделникот до денеска има 22 нови случаи со вирус на грип од кои 19 се од типот А, а три се од типот Б. Од тие 19, 14 се со тип H1N1, а пет со вирус на грип од типот H3N2.

OhridNews
МИА