Едно лице почина за Новогодишната ноќ во центарот на Охрид
01.01.16 10:50
Машко тело во лежечка положба, рано утрово забележале полициските службеници на улицата „Цар Самоил“ во Охрид. Телото е видено околу 02 часот и 30 минути во близина на кафе барот „Табана“, по што со возило на Брза помош е пренесено во Општата болница во Охрид. На хирушкото одделение, биле преземени се мерки за медицинска помош но и покрај тоа, лицето починало.
По наредба на Јавен обвинител, денес ќе биде извршена обдукција врз телото на починатиот. На улицата „Цар Самоил“, на местото каде беше забележано телото на сега починатиот, извршен бил увид во присуство на Јавен обвинител и полициски екипи.
СВР Охрид, презема интензивни мерки за целосно расчистување на овој случај, иако до овој момент во полициската станица не е пријавено нарушување на јавниот ред и мир или друго казнено дело во споменатиот угостителски објект.
Картите за 9-то издание на културно-забавниот настан „Зимска бајка“, кој оваа година ќе биде во знак на најдобрата македонска современа поп музика и креативниот хумор, во ограничен број, ќе бидат п...
Поради одрон, утрово од 06:30 часот сообраќајот на патниот правец Р1301 Охрид – Св Наум, на делницата меѓу селото Трпејца и Св Наум, се одвиваше по една коловозна лента, информира Автомото сојузот ...
Утрово во Охрид беше магловито Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност Во вечерните часови наместа ќе има појава на магла Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од сев...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.