Во близина на струшкото село Ложани, вчера околу 19 часот, 20-годишно лице од селото додека работело со трактор на пат покрај реката „Црн Дрим“, во еден момент изгубило контрола над тракторот по што се превртело во реката. Лицето било пренесено во струшката Општа болница, а од таму во болницата „Св.Еразмо“ поради сериозноста на повредите.

Од страна на доктор биле констатирани тешки телесни повреди и лицето е задржано на лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС Струга.