Сообраќајката се случи попладнево кога се судриле „Југо“ со охридски регистерски таблици и комбе „Фолксфаген“, исто така со охридски ознаки.
Од ударот на лице место почина Ѓорѓи М. од Ресен кој управувал со „Југото“, а неговата сопруга и синот со тешки повреди се пренесени во Клиничкиот центар во Битола.
Според полицијата, причина за несреќата е недржење страна и правец на движење. Комбито со еден дел преминувало во спротивната насока и со предниот дел удрил во Југото.
извор: „Макфакс“