Утрово околу 6 и 30 часот на клучката Југ, на излезот на Тетово се случила сообраќајна несреќа откако автомобил „тојота” со тетовски регистерски таблички, управуван од 19- годишно лице од село Теарце излетал од патот и се превртел.
Во несреќата загинал возачот, а неговата врсничка од село Порој се здобила со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во болницата во Тетово била префрлена на скопските клиники.
Во сообраќајката биле повредени уште тројцата сопатници во возилото, сите на возраст од 19 години, кои по укажаната лекарска помош во болница во Тетово биле пуштени на домашно лекување.
Јавен обвинител и екипи на СВР Тетово извршиле увид на местото на несреќата и се работи на целосно расветлување на случајот.
OhridNews
извор Макфакс