Во тешка сообраќајна несреќа што се случила 45 минути по полноќ на магистралниот пат Охрид – Кичево загина едно лице од Кичево. Сообраќајката се случила кога возилото „мерцедес“ со кое управувало триесетгодишно лице удрило во електричен столб и се превртело.

На лице место загинал дваесет и двегодишниот Л. Е. од Кичево, сопатник во автомобилот, додека повредени се возачот и уште еден дваесет и деветгодишен сопатник.

Двајцата повредени се пренесени во болница, но по укажаната лекарска помош веднаш се пуштени на домашно лекување.

OhridNews