Реал Мадрид максимално го искористи домашниот терен во првиот меч со Севиља во 1/8 финалето во Купот на Шпанија победувајќи со 3-0.
Едно полувреме им беше доволно на „кралевите“ да обезбедат голема предност, која ќе ја бранат на реваншот на Санчез Писхуан стадионот. Два од трите голови постигна подзабораваниот ас Хамес Родригез, а еден беше дело на Рафаел Варан.
Резултати: Алкоркон – Кордоба 0-0, Реал Сосиедад – Виљареал 3-1, Реал Мадрид – Севиља 3-0.
OhridNews