Како што беше најавено, денес, од 12 до 13 часот, жители на селото Оровник, ќе го блокираат сообраќајот на Магистралниот пат Охрид-Кичево, во атарот на селото во близина на Охридскиот аеродром.
Блокадата се организира поради неисполнување на барањата наведени во дописот кој жителите го испратиле до инвеститорот на автопатот, Агенцијата за патишта, Надзорниот орган за изградба и општина Дебрца.
OhridNews