Македонскиот олимписки комитет (МОК) и Националните спортски федерации (НСФ) во соработка со Општина Охрид организираа едновен семинар за напреден спортски менаџмент.

На еднодневната едукација, присуствуваа десетици спортски работници и професори во образовните институции од Охрид и Струга. На семинарот презентација имаа д-р Сашо Поповски, програмски директор за напреден спортски менаџмент на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) и Даниел Димески, член на Македонскиот олимписки комитет.

Градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски истакна дека секогаш локалната самоуправа ќе биде отворена за соработка со спортските клубови и организации.

– Спортот одамна ги надминува границите на општествена активност, во која се вклучени само спортистите, клубовите и спортските тренери. Сериозниот интердисциплинарен пристап во организацијата на спортот, во кој ќе бидат имплементирани научните достигнувања од најразлични области, е неопходен услов за постигнување врвни резултати. Во таа смисла, денешниот ваш семинар, уверен сум дека ќе биде од особена полза за спортските менаџери, тренери и воспитувачи од Охрид и Струга. – изјави првиот човек на Охрид.

Охридските клубови и спортисти ги сумираат впечатоците за годината што изминува со надеж на уште поуспешна 2018 година.

OhridNews