Натпреварувајте се во знаење! Бидете љубопитни, вредни и другарувајте, бидејќи вие сте иднината на нашата општина. Ние како локална самоуправа сме тука да ви го обезбедиме најдобриот можен пат кон успехот, им порача на првачињата од ООУ „Дебрца“ градоначалникот на Општина Дебрца, Златко Сиљаноски.

Со цел директно да го олесниме семејниот буџет на почетокот од оваа учебна година за секое прваче одвоивме еднократен паричен надомест во износ од 10.000 денари. Со огромно задоволство сакам да најавам дека во завршна фаза е изработката на униформите. Многу наскоро, секое дете ќе добие свој комплет, бидејќи сите наши ученици заслужуваат чувство на припадност и еднаквост!, посочува.

OhridNews











