На самиот брег од Охридското езеро во среда со почеток во 11 часот ќе се одржи Едриличарскиот куп на Македонија. Во Купот ќе учествуваат 15 едрилици со по три членови, а ќе се натпреваруваат во две класи микро и минитонер. 

Патеката е кружна и започнува од градското пристаниште, продолжува кај плажата Куба Либре, потоа кај Канео и завршува на градското пристаниште.

Можност за следење на оваа регата охриѓани ќе имаат на лице место од градскиот кеј или на интернет страницата ohridsailingcup.livestream.mk на која ќе има пренос во живо.

OhridNews