Викендов едриличарите настапија на Меѓународната регата – Монтенегро Куп во Херцег Нoви, Црна Гора.


Трите дена во променлив ветар се одржаа само пет регатни трки. Настапија едриличари од Србија, Македонија и Црна Гора во класите Оптимист, Ласер 4.7,Ласер Радијал и Ласер Стандард. Едриличарските клубови ПИРАТ од Охрид и СНЕГАР од Струга настапија во класите Ласер 4.7 и Оптимист.


Во класата Ласер 4.7, Димитар Поп-Стефанија од Пират го освои 7-мото место, Никола Чуркоски од Снегар го освои 13-то место.


Во класата Оптимист, Златко Златески од Снегар го освои 8-мо место (4-то место во категорија до 12 год.), Дамјан Поп-Стефанја од Пират го освои 11-место, Климент Арсоски на 22-ро место.

Ohridnews