Македонските едриличари Ердал Лушо и Димитар Поп-Стефанија за прв пат го развиорија македонското знаме на Европско првенство во класата Ласер 4.7.


На првенството кое се одржува во Воркум, Холандија во водите на Северното море има преку четристотини едриличари од европските земји и гости од други континенти.


Првите два дена изминаа во посебно тешки и променливи временски услови, со ветар кој достигнувал и преку 50 км/ч . Прв пат македонските едриличари едреа на магловито време и други специфични услови на ова студено море. 


– После првите два натпреварувачки дена Лушо се наоѓа на 219-то место, Димитар на 257-мо место, Со ваквиот пласман треба да бидеме задоволни бидејќи ова е прв настап на ваква престижна едриличарска регата, каде нашите момчиња се борат со брановите и најдобрите европски едриличари – велат од ЕФМ.

Европското првенство ќе заврши на 14.јули.

ohridnews