Македонските репрезентативци Димитар Поп-Стефанија од едриличарскиот клуб „Бофор“ од Охрид,  и стружанецот Ердал Лушо член на Едриличарскиот клуб Снегар од среда ќе учествуваат во класата „Ласер 4.7“ на Европското првенство за младинци кое ќе се одржи во градот Воркум Холандија.


Покрај тоа тимовите на клубовите „Бофор“ и „Стрмец“ од 8. до 10. јули ќе учествуваат во класата „Микротонец“ на Европскиот дунавски шампионат во Белград.

Екипата на ЕК „Бофор“ ќе ја сочинуваат Стефан Ставрев, Марта Пејоска и Стефчо Јованоски, додоека екипажот на ЕК „Стрмец“ е составен од Мартин Пејоски, Кате Бујароска и Гоце Недески.

Ohridnews