Во рамките на 48 традиционален фестивал на црешата во Текирдаг, Турција се одржа Едриличарската регата во класите Оптимист, Ласер 4.7 и 420.

На регатата настапија едриличари од ново формираниот Едриличарски клуб ПИРАТ од Охрид и Едриличарскиот клуб СНЕГАР од Струга. Во силна конкуренција од повеќе клубови од градовите околу Мраморното море три ден се водеа жестоки борби во брановите високи до 2м и ветар со брзина од 40-50 км/час. Старите „морски волци„ кажуваа дека во последните дваесетина години во летниот период немало толку силен ветар.

Најтрофејниот охридски едриличар Димитар Поп-Стефанија од ЕК ПИРАТ во конкуренција од 20 едриличари на Ласер 4.7 го освои 6-то место, едрејќи на сите осум регатни трки, Никола Чуркоски од ЕК СНЕГАР се пласира на 12-место, по неизвозените пет трки поради проблеми со едрилицата.


Во класата Оптимист во конкуренција од 49 едриличари, Дамјан Поп-Стефанија од ЕК ПИРАТ го освои 9-то место со сите изедрени трки, додека Златко Златески од ЕК СНЕГАР го освои 12-то место ( 6-то место во категорија до 12 години).

Поголем број на едриличари не настапија или се откажаа во текот на регатата поради силниот ветар, имаше мноку превртувања и неколку демолирани едрилици, но добрата  техничка организација не дозволи да се случи некоја незгода.

Ohridnews