Четиринаесет едриличари од клубовите „Акватика Јахтинг“ од Охрид и „Снегар“ од Струга ја претставуваа Македонија на 54. Балканско првенство во едрење кое се одржа во Волос, Грција, натпреварувајќи се во класите Optimist, ILCA 4 и ILCA 6.
По шест одржани трки пласманот на натпреварувачите беше:
ILCA 6
Марко Милески – 17. место (ек. Снегар)
Андреја Кавај – 24. место (ек. Снегар)
ILCA 4
Стефан Бараковски – 34. место (ек. Снегар)
Лина Пашоска – 35. место (ек. Акватика)
Берак Шашко – 38. место (ек. Снегар)
Мила Булатовиќ – 40. место (ек. Акватика)
OPTIMIST
Томе Златески – 75. место (ек. Снегар)
Калина Николовска – 78. место (ек. Акватика)
Горјан Негриески – 85. место (ек. Снегар)
Петар Филоски – 87. место (ек. Акватика)
Бора Попоска – 89. место (ек. Акватика)
Максим Стојкоски – 90. место (ек. Акватика)
Сара Милеска – 91. место (ек. Снегар)
Атина Стојкоска – 93. место (ек. Акватика).
Зад секој резултат стојат денови исполнети со ветер, бранови, концентрација, борбеност и огромна љубов кон едрењето. Горди сме на целата македонска екипа што достоинствено ги бранеше нашите бои и стекна ново искуство на една од најзначајните регионални едриличарски сцени, велат од „Акватика Јахтинг“.
OhridNews














