Во периодот од 31 јули до 2. август во водите на Охридското Езеро ќе се одржи 43. традиционална Меѓународна Илинденска едриличарска регата.


Ден пред официјалниот старт на регатата во сабота од 10 до 14 часот во Центарот за Едрење во Охрид, ќе се одржи крводарителска акција во организација на двата едрилицарски клуба БОФОР и СТРМЕЦ од Охрид во соработка со Црвен крст од Охрид.

Официјалниот старт на едриличарската регата на кој се очекува да учествуваат преку 100 едрилици од Македонија, Србија, Абанија , Црна Гора и Турција ќе биде на 31 јули (недела) во 10.30 минути.

Свеченото затварање и доделувањето на медаљи е планирано за 2-ри август од 18 часот.

Ohridnews