Едриличарот Ердал Лушо е единствениот македонски преставник на младинското Светско првенство кое се одржува во Даблин, Ирска. Најдобрите млади едриличари ќе се натпреваруваат во класите : даска РС:Џ, едносед Ласер Радијал, двосед 420, катамаран СЛ16 и скиф ЕР29.

Со импозантна церемонија во кралскиот Едриличарски клуб  во Даблин, првенството го отвори првиот човек на Светската Едриличарска Федерација претседателот Горан Петерсен. Овај голем спортски настан има единствен симболичен ритуал кога во еден сад се мешаат водите од сите океани, мориња, езера и реки од земјите од кои доаѓаат учесниците.

По втор пат таа чест му припадна на македонскиот едриличар Ердал Лушо. Ова храбро момче без придружба отпатува во Даблин и го развиори македонското знаме.

Во студеното Ирско море, Ердал ќе ги одмери силите во наредните денови со светските едриличари во класата Ласар Радијал. Во оваа класа ќе се натпреваруваат 59 едриличари, секоја земја има право само на еден учесник во класа. Овие пионерски потфати на македонските едриличари во последните години, треба да го отворат патот на Македонија кон светското едрење.

Ohridnews