Првиот Македонец кој се впушти во соло трансатлантско патување со сопствено изграден дрвен едриличар, направен од дрво засадено од неговиот дедо, Ердал Лушо од Струга, денес оствари средба со градоначалникот на Струга, Менди Ќура. Приказна која носи силна симболика, храброст и длабока поврзаност со корените.

Ердал, како што посочуваат од Општина Струга, му раскажа на градоначалникот за предизвиците со кои се соочуваше за време на патувањето, за моментите на неизвесност, истрајност и внатрешна сила, како и за непроценливото искуство што го понесе од оваа авантура која ја поместува границата на човечката издржливост.

Градоначалникот истакна дека Струга е горда на својот сограѓанин, кој со својот подвиг не претставува само себе, туку и целиот град и државата на светската сцена. Тој нагласи дека како градоначалник и како општина, ќе продолжат да бидат поддршка за Ердал во неговите идни предизвици и соништа.

Приказната на Ердал Лушо е доказ дека со храброст, визија и љубов, секој сон е достижен. Таа не потсетува дека најголемите патувања започнуваат од срцето – токму тука, од Струга, велат од Општина Струга.

OhridNews