Здружението на сметководители од Охрид во соработка со Управата за јавни приходи- дирекција Охрид, и Централниот регистар на РМ- канцеларија Охрид, организира консултативно едукативен состанок во функција на појаснување и давање одговор на прашања и дилеми во врска со доставата на обрасци за завршни сметки за 2011 и други извештаи согласно позитивните законски прописи во наредниот период.

Состанокот ќе се одржи на 13- ти февруари, понеделник, во 12 часот во големата општинска сала.

На состанокот освен претставници од здружението на сметководители, присутни ќе се и претставници од УЈП дирекција Охрид и од охридската канцеларија на Централниот регистар на РМ.

OhridNews