Со реализација на едукативни работилници во дел од основните училишта во Охрид заврши проектот „ЧИСТА ЖИВОТНА СРЕДИНА ЗА СВЕТЛА ИДНИНА“, кој се реализира на иницијатива на Здружението на граѓани „Нова Порта“, а со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање.


Како наставен кадар се трудиме од најмала возраст да ги едуцираме децата за грижа кон животната средина. Со вакви работилници и еко акции, учениците учат правилно да го одлагаат отпадот, а од друга страна се влијае на подигнување на свеста за здрава животна средина, вели Билјана Иваноска наставник во ООУ „Григор Прличев“ Охрид.

Младите, помогнати од граѓаните кои се приклучуваа на акциите, собираа најразличен отпад. На повеќе локации се собираше отпадот а беше спроведека и креативна акција „Езерото не е корпа за отпад“ за која беа изработени транспаренти со еколошки пораки за заштита на Охридското езеро. Исчистените плажи се обележаа со еко-знамиња како еколошко-чисти плажи. Целта пред сѐ е подобрување на состојбата на животната средина и подигнување на свеста за зголемена заштита на Охридското езеро и крајбрежјето, велат од здружението „Нова порта“.

OhridNews










