Едукативниот караван за Физичка активност и дијабетес овој петок, 5 мај, е во Охрид. Предвидено е попладне да се одржи предавање на тема физичка активност и дијабетес.
Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија – БАЛАНС МК, ги повикува сите лица со дијабетес мелитус тип 1 и тип 2 од Охрид и Струга на ова корисно едукативно предавање за практикување на физичката активност, како интегрален дел во третманот на дијабетесот а, заедно со исхраната и терапијата.
Предавањето ќе се одржи во големата сала на Општина Охрид со почеток во 18:30 часот.
OhridNews