Подигнување на степенот на безбедносна култура и на свеста кај граѓаните за зголемена внимателност и будност кај сите учесници во сообраќајот, а пред се кај возачите, што ќе придонесе за повисока безбедност во сообраќајот е целта на кампањата „Не пиј ако возиш-ако пиеш не вози“ што ја реализира Отсекот за превенција при СВР Охрид, на подрачјето на Охрид и Струга.

Посебно беше посочено дека, управување моторно возило под дејство на алкохол нема да биде толерирано и дека законските санкции, во такви случаи, ќе бидат доследно и неселективно применувани. На возачите на моторни возила, им беа поделени летоци и друг едукативен материјал, изработен во соработка со РСБСП, со низа практични совети кои водат кон јакнење на личната, но и на безбедноста на другите учесници во сообраќајот, посочуваат од МВР.
OhridNews











