Како што информираат од Министерството за труд и социјална политика, преку Акцискиот план за социо-економско вклучување на Ромите во земјава, се цели кон подобрување на условите за живот на овој етникум. Планот се однесува на лицата без лични документи и образование. Исто така, опфатени се и проблемите со вработување и домување, со кои секојдневно се соочуваат припадниците на оваа заедница.
Настанот е во организација на Министерството за труд и социјална политика, Секретаријатот за европски прашања, Кабинетот на министерот без ресор и Делегацијата на Европската унија во Македонија.












