Четири натпревари и дури 35 погодоци ја одбележаа синоќешната програма на 28. издание на турнирот во мал фудбал „Богородица куп 2026“ во Волино.

Најефикасна беше пресметката меѓу Охридски бисер Филеви и Требеништа, која заврши со убедлива победа на Охридски бисер Филеви од 10:4. Убедлив настап имаше и Аце Најдески, кој ја совлада Бурекџилница Го-Ка со 8:0.

БЗ Груп беше подобар од Том Гор со 6:2, додека најнеизвесниот натпревар го одиграа ДОЕЛ Ноче и Злате Транс. ДОЕЛ Ноче славеше со 3:2.

Резултати – 16 август:

Охридски бисер Филеви – Требеништа 10:4
БЗ Груп – Том Гор 6:2
ДОЕЛ Ноче – Злате Транс 3:2
Бурекџилница Го-Ка – Аце Најдески 0:8

Возбудувањата во Волино продолжуваат вечерва со три нови натпревари. Програмата започнува во 20:30 часот со дуелот меѓу Др. Баткоски и Охридски бисер Филеви. Потоа бранителот на трофејот Сатеска ќе се сретне со Инекс Олгица, а вечерта ќе ја затворат Чардак Велгошти и Ескобар Волино.

Распоред – 17 август:

20:30 Др. Баткоски – Охридски бисер Филеви
21:30 Сатеска – Инекс Олгица
22:30 Чардак Велгошти – Ескобар Волино

OhridNews