Кристијан Ефремов се пласираше на 25 место во конкуренција на 32 -ца натпреварувачи, кои учествуваа во квалификациите на Светското првенство во атлетика во сала, што се одржува  во Истанбул.


Ефремов патеката од 400 метри ја истрча со време 50:23 секунди, што е за 0,35 секунди послабо од неговиот најдобар резултат, 49:88 секунди, кој го истрча на Балканијадата, во истата сала.

Времето на Ефремов, кој настапи во квалификациската група 4, за 3:59 секунди беше послабо од најбрзиот во квалификациите Кирани Џејмс од Гренада.

Ohridnews