Актуелниот македонски првак го забележа првото  реми  на подготовките во Охрид. Избраниците на Билбил Соколи по двата порази од Јавор и Охрид `04 ремизираа 1-1 со српскиот суперлигаш Хајдук Кула.


По мирните 45 минути во кои мируваа мрежите, први до предност стигнаа “гипсарите“ со голот на Јанчевски. Неколку минути подоцна гостите го изедначија резултатот со прекрасниот погодок на

Комазец .

До крајот на мечот играта се одвиваше на средината на теренот без поголеми возбудувања.

М.П.