Без победник 48-48 заврши првиот четвртфинален натпревар од Купот на Македонија меѓу Колибри и Бадел.


Охриѓанки кои во целиот натпревар беа во предност мораа да се задоволат со реми, кое го одложи прашањето околу патникот на финалниот турнир.


Најефикасна во домашниот тим беше Балазоска со 22 поени, додека кај скопјанки мечот со двоцифрен број на поени го завршија Давиткова и Стојановска по 11.


Реванш мечот се игра в сабота во Скопје.


Од записникот:
Колибри – Бадел Кр Осигурување 48-48  (19-07, 12-19, 9-8, 8-14)

Колибри : Рајчиноска 4, Балазоска 22, Цветановска 5, Стојаноска , Тренеска, Ангеловска 5, Миладиновска 7, Здравеска, Каровска 4, Матеска

Бадел : Крстевска, Печевска 5, Џехмед, Трајчевска 6 , Лега 4, Лазаревска, Пејковска 2, Павловска 9, Давиткова 11, Трајковска, Стојановска 11, Мицевска,

Судии : Мицкоски – Таневски од Струга. Делегат Костовски сите од Струга

М.П.