По иницијатива на НВО Коалиција, Египќаните од земјава ќе излезат со Меморандум за соработка и разбирање, која во суштина ќе соддржи легитимни барања за пропорционално институционално интегрирање на оваа ранлива етничка заедница.
Според Демир Далип, овластен претсавник на Египќаните за надворешна соработка, истата ќе биде доставена до општинските совети во Охрид, Струга, Ресен, Кичево и Битола, каде ќе се бара да биде поддржана од страна на сите релевантни политички субјекти и советници без разлика на нивната партиска припадност.
Целта е да се помогне на оваа маргинализирана етничка заедница да се интегрира во институциите на системот, бидејќи според Далип ниту еден деклариран Египќанец не е унапреден или вработени во духот, соддржината и карактерот на Охридскиот рамковен договор.
Истиот Меморандум, ке биде доставен на поддршка и до Собранието на Р.Македонија, а ке му биде доставено на Претседателот на Собранието, Трајко Велјаноски.
„Се надеваме на недвосмилена и искрена поддршка од сите политички субјекти. Со оглед на фактот дека се работи за над 30. 000 Египќани во Македонија, кои на локални, парламентарни или претседателски избори, гласале за политички субјекти кои се позиционирани и во позицијата и во опозицијата, и со тоа, ја исплониле нивната граѓанска должност, време е истите да им ја вратат подршката.“ – истакна Демир Далип, овластен преставник на Египканите за надворешна соработка.
OhridNews