Прво нека се донесат измени во Изборниот Законик, а потоа нека се распишат предвремени парламентарни избори- е ставот ОПЕМ И НВО „ Светла Иднина 2009“ .

– Ова со оглед на фактот што Еѓипканите, Црногорците, Хрватите во Македонија не можат да ги остварат со Устав загарантираните права и слободи, при што наидуваат на „оспорување“, особено  етничката заедница на Еѓипканите , при нивното декларирање низ институциите на системот. Државниот завод за статистика во  обрасците нема воведено посебна графа за изјаснување на националната припадност на Еѓипканите. Во интерес на мултиетничката демократија и мултиетничкиот карактер на државата , треба да се гарантираат и пратенички места во законодавниот дом за етничките заедници, кои не се спомнати во Преамбулата на Уставот на РМ. Ние се залагаме и за воведување на Отворени листи, како подобар и потранспарентен изборен модел. Без ваквите и други измени во Изборниот Законик, не е коректно и демократски да се оди на предвремени избори , велат од ОПЕМ.

Од ОПЕМ најавуваат дека за нивните ставови ќе бидат информирани и претседателот на Собранието на РМ, амбасадите на ЕУ, САД И ОБСЕ.

OhridNews