– Египќаните, Црногорците и Хрватите, се лојални грагани на ова држава, плаќаат даноци, истите се даночни обврзници и имаат свои потреби да имаат свој преставник во Законодавниот Дом кој ќе ги штити нивните интереси. Тоа ќе биде силен демократски напредок на нашата земја, бидејки ќе демонстрира интеграциски капацитети, особено по изјавите на Комесарот за човекови права на Советот на Европа, велат од ОПЕМ.
Оттаму, нагласуваат дека ќе остават надлежните да одлучат околу начинот и методологијата како ќе се исполнат нивните барања. Додаваат дека се залагаат да има и отворени листи со што сметаат дека ќе се обезбеди поголема транспарентност и демократија.