Рамковниот договор склучен во Охрид пред 10 години, според помалите етнички заедници е со „тесни рамки“ и нив ги става во подредена положба.

– Слободно може да се констатира дека  не сите  ги чуствуваат ефектите од овој договор, кој, според мое мислење,  донесе само привиден мир и спречи ново Босанско сценарио и крвопролевање на овие простори. Но денес Египќаните, Црногорците, и Хрватите, кои не се спомнати во Преамбулата на Уставот на РМ дефакто не се дел од споведувањето на Охридскиот договор, што претставува одреден степен на дискриминација и не е во насока на евроатлантските аспирации на државата, смета Демир Далип, кој како претставник на Египѓаните последните парламентарни избори ги трчаше како кандидат на Нова демократија, тогаш предводена од Имер Селмани.

Египќаните кои тогаш промовираа политичка платформа за нивна поголема општествена интеграција, сега постизборно  бараат проширување на рамките на Охридскиот договор, односно вклучување во Уставот на помалите етнички заедници.

OhridNews